„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Спасовски ги изненади вработените со гест кој вработените во МВР не го паметат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
133482167_1805636049614010_615093259097823783_o

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски пријатно ги изненади вработените во пресрет на Новата година. Со неговиот гест, стана и првиот министер, кој за разлика од неговите претходници, директно преку системот „Лотус“ им ги честиташе празниците. Пораката која тој ја испрати преку системот за менаџирање на човечки ресурси, практично, стигнува до сите полициски службеници и вработени. Системот најчесто се користи за издавање наредби, праќање на телеграмите од министерот, па затоа честитката е нешто што никој не го очекувал.

— реклама —

„Новогодишните празници се моменти за споделување на најубавите мигови од годината што изминува, иако за волја на вистината, зад нас е една навистина тешка година, полна со предизвици кои требаше да одговориме брзо, ефикасно, одговорно. Да овозможиме максимална заштита на безбедноста на граѓаните, со минимум последици од пандемијата“, пишува во првиот дел од честитката.

— реклама —

Тој им посочува на сите дека треба да се гордеат со постигнатите резултати, бидејќи секој од нив дал свој придонес во реализацијата на целите, задачите и обврските.

„Оттука, можам да порачам дека беше задоволство да се соработува со вас овие четири месеци, кога заеднички одново покажавме дека можеме, знаеме и умееме да испорачаме врвни резултати во полза на граѓаните, на државата. Дозволете ми да ви ја честитам Новата 2021 година и да ви посакам на вас и вашите семејства да сте здрави, живи, среќни и успешни!“, се додава во честитката испратена преку интерниот систем на МВР.

Спасовски им порачува на вработените дека треба меѓусебно да се почитуваат, соработуваат и колегијалната односи да ги претворат во трајни пријателства кои ќе останат и кога ќе излезат надвор од работната средина.

Гестот на министерот за внатрешни работи наиде на позитивни реакции од страна вработените. За потсетување, голем дел од вработените во МВР, од сите сектори и оддели, празниците наместо со своите најблиски ќе ги поминат работно. Со оглед на пандемијата од коронавирусот, но и рестрикциите за кои се евидентира дека не се почитуваат, тие ќе патролираат и казнуваат неодговорно однесување. Спасовски веќе најави дека ќе има посебна оперативна акција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања