Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Спасовски ги отфрли сите шпекулации за било какви договори и со било кого, за бегството на Мијалков

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
oliver

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предмалку на прес конференција изнесе детали за исчезнувањето на Сашо Мијалков. Спасовски ги отфрли шпекулации за какви било договори за бегството на Сашо Мијалков.

— реклама —

„МВР ги презеде сите расположиви мерки за обезбедувањето на лицето и активно работи на пронаоѓање на бегалецот и негово приведување пред правдата“ , информираше министерот Спасовски.

Министерот посочи дека во тек се информативни разговори со лица кои е можно да поседуваат информации или се поврзани со бегството на Сашо Мијалков. Напомена дека во текот на вчерашниот ден извршени се информативни разговори со 10 лица, меѓу кои се членови на семејството и обезбедувањето, а денеска дополнително се повикуваат други лица. Одземени се телефони, документација и други предмети кои можат да послужат во врска со случајот. Обезбедени се снимачи од згради и објекти, а проверувани се и камерите од „Безбеден град“ со цел добивање на дополнителни информации, појасни министерот.

— реклама —

„МВР ќе продолжи со сите расположливи средства да трага по бегалецот. Сите надлежни институции, согласно своите надлежности, имаме таква обврска да го лоцираме и да постапиме по судска наредба“, рече Спасовски.

Запрашан за неговата одговорност во бегството на Мијалков, Спасовски вели:

„Оставката нема да ги реши сама по себе проблемите па чија сака нека е. На тој начин само ќе овозможиме дека ќе дојде до триумф на криминалците наспроти институциите на системот“, рече Спасовски.

фото: PRTSC

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања