Спасовски го потпишал решението за прекин на работа на станицата „Виа Комерц“ три дена по несреќата во која загинаа 45 луѓе во Бугарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
spasovski

Освен притисоците и заканите за предметот за Рашковски, други проблеми немала поранешната шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал, Вилма Русковска. Таа во интервју во Топ Тема вели дека сепак останале отворени предистраги, за кои веќе имало набавено многу докази.

— реклама —

Една од нив е за станицата за технички преглед „Виа Комерц“ за автобусот на Беса Транс, во кој во сообраќајна несреќа во Бугарија загинаа 45 македонски граѓани. Според Русковска, комисијата во МВР уште во јули донела решение станицата за технички преглед „Виа Комерц“ да биде затворена, но министерот не го потпишал тоа решение.

— реклама —

„Решението требал да го потпише министерот, но тој го потпишал 3 дена после случувањето на сообраќајната несреќа, а законска обврска е да се потпише во рок од 15 дена, а потпишано е по повеќе од 3 месеци од донесеното решение“, вели Русоковска.

— реклама —

Русковска додава дека предметот бил во поодмината фаза со насобрани докази, но не можела да го доврши.

„Ако работи таа станица, работи незаконски затоа што Град Скопје им го има одземено сообраќајното решение“, додава Русковска.

Предметот е пренесен на друг обвинител, но до каде е сега, Русковска вели дека не знае.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања