Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски беше гостин во емисијата „Лица“ на Анета Кочишки каде министерот Спасовски истакна дека деталите ќе бидат споделени со јавноста кога истрагата ќе биде целосно завршена, но и дека вината не ја лоцира во МВР, пишува 1ТВ.
„Груевски не му побегна на МВР. Тоа е фактичка состојба. Јас не говорам за префрлување на топка, туку за овој случај да видиме каде ни е поразен тој систем, за да може понатаму преку законски механизми, да не ни се случуваат вакви настани. Има многу прашања кои можам јас лично да ги поставам, но сакам да заврши до крај истрагата и јавното обвинителство да излезе и да каже зошто тоа се случи“, рече министерот и се надоврза дека тој, неговото семејство, но и соработниците постојани добиваат закани по животот.
Исто така тој истакна дека секојдневно добива закани Секојдневно добива закани по живот, но и закани за неговото семејство и неговите соработници.
„Ние поминавме тежок период, не само како семејство и како структура која влезе во МВР во период на ВМРО-ДПМНЕ на власт и во исто време да направиме се, да ги земеме сите материјали за да помогнеме на СЈО и да обезбедиме докази. Тука работевме сите заедно. Сите закани кои ни беа упатени, ни беа поголем мотив да истраеме во нашата битка“.