Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Спасовски: Групата на „Јавна соба“ е новоформирана и за кратко успеала да дојде до голем број на членови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
19012020_PVRSM_Spasovski_Bogojavlenie_Kocani2

Бирото за јавна безбедност од синоќа, по откривањето во јавноста на случајот „Јавна соба“ која се шири на „Телеграм“,  покрена истрага. Се бараат администраторите и членовите на затворената група „Јавна соба“ кои  објавувале интимни фотографии и видеа на малолетни девојчиња од повеќе македонски градови.

— реклама —

Техничкиот премиер Оливер Спасовски рече дека оваа група е новоформирана и за кратко успеала да дојде до голем број на членови.  „Треба да делуваме превентивно, а не само репресивно, порача техничкиот премиер Оливер Спасовски.

– Кога зборувам превентивно, мислам сите заедно тоа да го направиме уште пред да се случи одреден настан, а не само кога ќе се случи. Тоа важи и за родителите, кои треба да знаат како децата да ги заштитат од социјалните мрежи, но и за образовните институции, тие доколку дознаат, веднаш да пријавуваат вакви случаи. Бидејќи, досега често се случувало во образовните институции да се знае за вакви појави, а да не се пријавува, па ние за тоа дознаваме од медиумите. Сите заедно да се бориме, и родителите, и семејствата и институциите – рече Спасовски и најави дека МВР и Министерството за труд и социјална политика ќе ги преземе сите мерки.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања