Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Спасовски и Димовски поради скандалот со Онишченко да си поднесат оставки веднаш, вели ВМР-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
1-4

Владата на СДС и Димитар Ковачевски дала македонско државјанство и буквално го вдомила Александар Онишченко, украински политичар обвинет за перење пари кој е на црната листа на нашиот стратешки партнер САД поради мешање во претседателските избори, вели ВМР-ДПМНЕ

„Овој скандал го подбива целиот безбедносен систем и институциите во државата и го руши кредибилитетот на Агенцијата за национална безбедност, директорување на Виктор Димовски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

— реклама —

Законот на Агенцијата за Национална безбедност е јасен, и доколку истиот се имплементирал Онишченко наместо да добие македонско државјанство, ќе добиел екстрадиција во Украина.

Скандалозно е тоа што скоро две недели, институциите во државата не можат да откријат како Онишченко добил македонско државјанство, а премиерот Ковачевски наместо да побара одговорност од Димовски и веднаш да го разреши го испраќа за амбасадор во Франција.

Уште поскандалозни се и изјавите на министерот Спасовски, дека тоа што Онишченко е на црната листа на САД не значи дека е криминалец, и дополнително ги урива позициите и негативно влијае на рејтингот на Македонија кај нашиот стратешки сојузник САД.

— реклама —

Спасовски од „успешните реформи во безбедносниот систем“ може да се пофали само единствено на успешна соработка со белосветски мафијаши и издавање на македонски пасоши на криминалци и наркобосови.

Владата на СДС и Ковачевски води политика на двојни стандарди, од една страна дава пасош на лице на црната листа на САД, а од друга страна устата им е полна со презентирање на проевропски и прозападни вредности и принципи.

— реклама —

Ова не се ниту проевропски, ниту прозападни принципи, ова е скандал од невиден размер и мора да има одговорност.

Владата на СДС, Ковачевски, Спасовски и Димовски тотално го изгубиле компасот и покренување на постапка за одземање на пасошот е задоцнета реакција. Најмалку што треба е веднаш да си поднесат оставка и да распишат предвремени парламентарни избори.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ не го обзнанеше пред јавноста овој скандал, се поставува прашање на уште колку вакви лица на црната листа на САД ќе им беа издадени пасоши од страна на АНБ?

— реклама —

Владата на СДС и Ковачевски повеќе нема ниту капацитет, а ниту кредибилитет да продолжи да ја води државата и граѓаните.

Потребни се промени и функционални институции кои ќе гарантираат за безбедноста на граѓаните и почитување на уставниот поредок на државата“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања