Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Спасовски и првите луѓе од правосудството во пакет да си поднесат оставка после дебаклот странци да ги гонат криминалот и корупцијата, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
spasovski

Фактот што странци ќе гонат криминал и корупција во Македонија е пораз за МВР на Спасовски и распупеното правосудство. Ова е јавно признание на нивната неспособност и врските со криминалот. Впрочем ова покажува дека изворот на корупцијата во Македонија се самите носители на власта и функционерите во институциите, па затоа нема борба против криминалот, туку негова заштита, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —
— реклама —

„Да имаа грам доблест уште вчера во пакет првите луѓе во правосудството и МВР ќе си поднесеа оставки после ваков пораз. Посебно место во ваквиот погабаритен пакет треба да има за Оливер Спасовски заради случаите со „Пајак 1“ и „Пајак 2“, заради пробиената акција „Планина“, заради фатениот началник што пренесува дрога, заради 215 пасоши за мафијаши, заради набавката на софтвер од фирма на црната листа на САД, заради ограбеното депо со оружје во Охрид, заради пасошот на Онишченко, заради штитењето на самоволието на синот на заменик министерот Буши, заради нерасветленото прислушкување на обвинители, заради мал милион скандали и афери.

— реклама —
— реклама —

Ако Спасовски и правосудните органи не беа заштитници на криминалот, тогаш Македонија немаше да дојде до ваква состојба“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања