„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Спасовски: Има луѓе - вработени во државни институции кои шпиунираат за ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Постојат луѓе и во МВР, но и во други државни институции кои се задолжени и даваат информации за состојбите во институции до ВМРО-ДПМНЕ, истакна министерот Оливер Спсовски одговарајќи на пратенички прашања за објавените извештаи во порталите подготвени од, како што рече, одредени лица за следење на активности на политичкиот противник, но и внатре во ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

-Не дека нешто плус ќе добијат со ваквите состојби со кои се занимаваат, не дека некого ќе исплашат од пратениците или други структури, туку мислам дека ова се прави за самопромоција, кој повеќе ќе му се допадне на Мицковски со тоа кој повеќе ќе донесе материјали, а со тоа да дојдат до подобра позиција. Јасно е дека нема да имаат шанса за таква работа ако продолжат со ваков начин, ниту ќе добијат позиција, рече министерот Спасовски.

Министерот вели дека во МВР добиле дел од тие материјали. Тој вели дека до него дошол списокот со сите луѓе кои се задолжени од администрацијата, јавните претпријатија и од Министервата да ги испраќаат таквите извештаи до партијата.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања