Премиерот Оливер Спасовски вечерва на својот фејсбук профил изрази сочувство до семејството кое загуби три деца во експлозија на плинска боца во кумановското село Романовце.
– Длабоко сочувствувам со моите сограѓани од Општина Куманово, жители на село Романовце, за трагично загубените животи на три дечиња и посакувам брзо закрепнување на останатите седум повредени, пишува Спасовски на фејсбук.
Експлозијата се случи денеска околу 10 часот во Романовце. Загинаа три деца на возраст од 8, 9 и 11 години. Шеесетгодишен маж кој беше сместен на КАРИЛ им подлегна на повредите соопштија вечерва за Канал 5 од Ургентниот центар во Скопје. Уште шестмина членови на семејството се повредени и се згрижени на скопските клиники. Од нив уште тројца се во исклучително тешка состојба со голем степен на изгореници.
https://www.facebook.com/o.spasovski/photos/a.319952798182350/1506053906238894/?type=3&theater
фото: ФБ