„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Спасовски: Ќе креираме Буџет, којшто ќе може да ја подржи економијата и во моменти кога ќе имаме услови за целосно враќање на економијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
oliver-spasovski-670x367

Премиерот Оливер Спасовски одговарајќи на новинарски прашања најави Ребаланс на Буџетот, за како што кажа ќе се направи  кратење што ќе биде за функционирање на државата.

— реклама —

- Ние разговаравме неколку пати, во рамки на економскиот тим и економскиот совет. Секако ќе се разговара во наредните денови во делот на Ребалансот на Буџетот, наша идеја е да направиме кратење што ќе биде за функционирање на државата. Тука, пред  сè сметам дека капиталните инвестиции, кои создаваат добра економска активност, треба да останат максимално, за да може да ги одработиме сите тие проекти. На тоа сме насочени како Влада. Едноставно, ќе креираме Буџет, којшто ќе може да ја подржи економијата и во моменти кога ќе имаме услови за целосно враќање на економијата да биде македонската економија подготвена да се врати во полна економска активност. За платите на администрацијата, сега немаме таква одлука. Ги гледаме сите анализи, коишто стојат пред нас. Знаете, дека донесовме Одлука, јас сметам дека тоа беше една од најисправните одлуки, токму функционерите, ние што имаме и најголеми плати во државата, да ги намалиме на минимална плата. Уставниот суд го оспори тоа, но сепак тоа не беше наша одлука, туку на Уставниот суд. Меѓутоа.. Во меѓувреме сите функционери веќе ги донираат своите плати во Фондот којшто го формиравме за оваа криза КОВИД - 19, истакна премиерот Спасовски.

фото: Архива

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања