Инаку според она што е напишано во белешката припадник на Алфите вчера се сретнал близок пријател на семејството Чавкови. Токму пријателот кажал дека екс директорот на БЈБ во петок ќе бега на халкидики каде имал вила. Ќерката на Чавков, Зорица Чавкова во отворено писмо до дипломатскиот кор прашува кој ја нарачал белешката за татко и и како обвинителката немала потреба да се сомнева во содржината.
„Убедена сум дека оваа белешка е измислена под притисок и закани од нарачателите и дека ќе се разоткријат истите. Ќе си лежи оној кој ја измислил вилата на Халкидики. Не знам дали тие што му дале задача да измисли таква службена белешка му објасниле какви ќе бидат последиците за него“, пишува таа.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, не е конкретен дали Чавков бил следен бидејки припадник на единицата Алфи ја напишал белешката токму поради која Чавков заврши в притвор.
Адвокатот на Чавков вели дека е недозволиво да се бара притвор пред изрекување на прсуда што укажува на исходот од судскиот процес.