Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Спасовски: Мислам дека за неколку дена ќе го имаме вејачот на „Голема Албанија“ во Тетово

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски верува дека лицето кое го вееше знамето на „Голема Албанија“ во Тетово за време на пречекот на косовскиот премиер, Алнин Курти, ќе биде пронајдено и фатено во следните денови.


— реклама —

„Имаме прибрано добри оперативни сознанија. Таргетирани се неколку лица. Се прават детални испитувања. Мислам дека за неколку дена ќе го имаме лицето“, рече Спасовски одговарајќи на новинарско прашање


Прашан дали се работи за лице од Косово или Македонија, министерот на медиумите им рече дека кога ќе дојде моментот ќе ги добијат сите информации.

— реклама —

Министерството за внатрешни работи пред две недели објави фотографија од лицето што го вееше знамето со т.н. голема Албанија на градскиот плоштад во Тетово на 11 август, по кое се’ уште трага.


Знамето предизвика бројни реакции во земјата и во регионот, а дополнително скандалозно беше и тоа што снимките со симболот ги сподели на социјалните мрежи, тетовскиот градоначалник и лидер на БЕСА, Билал Касами кој беше организатор на настанот. Истовремено, тој го пречека Курти со песна „Добредојдовте во Албанија“.

— реклама —

Тогаш реагираше македонскиот претседател Стево Пендаровски кој рече дека „нагласувањето на провокативната националистичка иконографија поттикнува омраза и етничка нетрпеливост и ги нарушува основните вредности на Охридскиот рамковен договор“. Кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски повика на одговорност, но не и Владата. „Макфакс“ побара став од владината прес-служба, кој е заедничкиот став на сите министри кои се дел од Владата. Оттаму, добивме игнорирање и молк.


Скандалозно беше и тоа што на настаните не беше интонирана државната химна, ниту пак беше поставено државното знаме, за што Министерството за внатрешни работи претходно до надлежните Основни судови поднесе барања за поведување на прекршочна постапка против Општина Чаир и Општина Тетово и градоначалниците на овие општини, Висар Ганиу и Билал Касами.


МВР тогаш образложи дека не е постапено во согласност со Законот за употреба на грбот, знамето и химната.

— реклама —

Албанските политички лидери кои учествуваа на собирите со косовскиот премиер и покрај осудите и бурните реакции не и’ се извинија на јавноста.


По скандалот со коментар се јави и претседателката на Косово, Вјоса Османи, која изјави дека истакнувањето на знамето на „голема Албанија“ во Тетово не било организирано, туку граѓаните го донеле самоиницијативно и настаните ги оцени како мало недоразбирање.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања