Промени тема
Контакт

Спасовски, Мојсова и Бубевски не можат да ја исперат одговорноста од себе дека криеја убиство, оставки веднаш, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
oliver-spasovski-3

Спасовски, Мојсова и Бубевски не можат да ја исперат одговорноста од себе дека криеја убиство, оставки веднаш, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Потребно беше медиумите да објават снимка од која се гледа дека станува збор за очигледно убиство за Спасовски да изјави дека МВР ја има снимката.

Медиумите и јавноста направија притисок, па институциите почнаа да менуваат изјави.

— реклама —

Спасовски првин тврдеше дека е несреќен случај, а истото го тврдеше и КАРИЛ.

Од КАРИЛ, со која директорува Мојсова првин кажаа дека на телото немало видливи траги од насилство, за на крај откако излезе снимката истата да каже дека Тот можеби имал прекин на кислород и дишењето по првиот удар.

— реклама —

Спасовски, Мојсова и Бубевски наместо со стручни и издржани изјави, кои би биле навремени, преку медиумите откако првин во јавноста ќе биде објавено глумат експерти и аналитичари, давајќи мислења и заклучоци.

— реклама —

Ништо не ги пере Спасовски и СДСМ дека се обидоа да сокријат убиство, ниту дефокусирањето со немањето лиценца за дискотеката, која нивните инспектори дозволиле да работи и не ја затвориле.

Одговорноста мора да дојде од Спасовски лично. Оставка веднаш“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања