Спасовски: Мора избори час поскоро, државата мора да функционира

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Oliver

Техничкиот премиер Оливер Спасовски по состанокот на Советот за безбедност истакна дека институциите мора да превземат одговорност и за парламентарните избори кои треба да се одржат, бидејќи државниот систем треба да биде целосно функционален за да се справува со пандемијата.

— реклама —

„Институциите мора да ја превземат целата одговорност. Ова би биле 14 дена во кои треба да ги завршиме сите апекти во делот на справувањето со економските последици со здравствената криза, да се продолжи со сите мерки кои ги донесе Владата. Едно треба да ни биде јасно, со пандемијата треба да научиме за живемее. Едноставно, секој граѓанин треба да биде свесен дека мора да живееме со паднемијата и согласно со тоа да се подготвуваме во наредниот период за такво однесување. Уште поважно е да имаме институции кои се функционални кои ќе носат одлуки. Ние сме во ситуација кога немаме парламент функционален. Затоа реков дека институциите мора да превземат одговорност и за парламентарните избори, за нова политичка Влада. Сите анализи на експертите и СЗО укажуваат дека ова ќе трае и дека може да добива интензитет во есента или зимата, а ние не смееме да ја оставиме државата без институции кои би функционирале со цел капацитет. Ова е нешто неминовно кое мора да го превземат сите институции“, истакна  техничкиот премиер Спасовски.

фото: Архива

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања