Промени тема
Контакт

Спасовски на научна конференција “Промените, предизвиците и издржливоста на цивилната заштита за време на ковид-19“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
1-4

Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска учествуваше со свое видео обраќање на научната конференција ,,ПРОМЕНИТЕ, ПРЕДИЗВИЦИТЕ И ИЗДРЖЛИВОСТА НА ЦИВИЛНАТА ЗАШТИТА ЗА ВРЕМЕ НА COVID – 19“, во организација на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Во своето обраќање министерот Спасовски го истакна фактот дека концептот за заштита и спасување, независно од карактерот на заканите или карактерот на предизвиците и состојбите, со сите кризни и загрозувачки потенцијали, во својата основа претставува исцрпен процес на опсервација, планирање и донесување одлуки што понатаму ќе треба оперативно да се реализираат. „Тоа всушност претставува еден од базичните системски механизми според кој, меѓудругото, може да се добие јасна претстава за капацитетите, перформансите и зрелоста на општеството, неговите институции и нивната подготвеност адекватно и ефикасно да одговорат на можните кризни предизвици. Оттаму за поздравување е иницијативата на Дирекцијата за заштита и спасување преку еден ваков примарно стручен и научен собир, уште еднаш темелно да пријде кон низа прашања од суштинско значење во превенцијата и заштитата на луѓето, на материјалните добра и на животната средина.” -рече Спасовски.

Министерот Спасовски се осврна на пандемијата Ковид 19 за која што рече дека иако сега се чини на заминување во изминативе две години тешко го погоди светот нанесувајќи длабоки штети на сите општества, чии што последици на подолг период ќе бидат сериозен предизвик за сите нас, но и потреба - за редифинирање на системскиот и институционален одговор кон таквите и слични закани и опасности.

Според Спасовски, повеќе од јасна е нужноста од комплементарност на сите институционални фактори при што, се разбира не само ДЗС, туку и сите други чинители имаат свои специфични места и улоги, како во делот на раното предупредување, односно следењето и проценката на состојбите, така и во делот на директен одговор кон загрозувачките ситуации.

— реклама —

„Ја имав можноста, но и одговорноста особено во почетокот на глобалната пандемија како претседател на Владата на Република Северна Македонија, а потоа и како министер за внатрешни работи многу одблиску и детално да имам увид во еден сериозен предизвик кој директно атакуваше на човековото здравје и живот. Уште на самиот почеток на пандемијата стана очигледна потребата од смислен и прецизен меѓуинституционален одговор што во себе мора да ги обединува сите парцијални институционални активности, градејќи го мозаикот на општественото системско спротивставување и заштита. Тоа претпочиташе постоење точни импути – информации, согледувања, искуства – за да се дојде до точна и исцрпна базична анализа во која ќе бидат вкалкулирани и институционалните потенцијали и капацитети. Дури потоа врз основа на сето ова следеше одлуката за тоа кој и каков институционален и нормативен механизам ќе биде ставен во функција, потенцираше Спасовски.

— реклама —

,,И од оваа временска дистанца по две години од пандемијата, убеден сум дека беа донесени правилни, издржани и квалитетни одлуки, мерки и активности благодарение на кои успеавме да ја пребродиме една од најголемите глобални закани по светот во последниве неколку децении”, рече министерот Спасовски.

Низ призмата на практичното делување на Министерството за внатрешни работи, министерот Спасовски рече дека полициските службеници беа на висина на задачата, спроведувајќи ги доследно сите зададени задачи, исто како што беа на висина на задачите и здравствените работници, инспекциските служби, цивилната заштита и граѓаните.

— реклама —

Во сиот овој период наназад, конкретно кога говориме за пандемијата а од аспект на работењето на МВР, нашите полициски службеници само во текот на минатата година извршија над 780.000 контроли на преку 210.000 лица што беа во изолација или самоизолација, додека пак во координација со надлежните инспекциски служби во текот на 2021 учествуваа во околу 35.000 контроли на разни видови објекти. Активности што заедно со преземените репресивни мерки согласно законските норми покажуваат еден извонредно голем обем на работа и дејствување.

На крајот на своето обраќање министерот Спасовски ја истакна потребата од организирање на вакви научни конференции кои се исклучително важни точки на преиспитување, на анализа, но и на искуствено разменување на согледувања и практики при што примарниот збор го има токму стручноста. „Неопходно е првиот збор да го имаат токму луѓето од струката од науката, нешто што за нас како министерството за внатрешни работи претставува важен принцип на функционирање, со недвосмислена подготвеност да ги ставиме на располагање сите свои стручни и други потенцијали во предлагањето и реализацијата на нови идеи и концепти што значително мора и треба да ги подобрат севкупните институционални капацитети, вклучително и во доменот на цивилната заштита”, го заврши своето обраќање министерот Спасовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања