Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Спасовски: На прав пат сме - СДСМ го консолидира безбедносниот систем во земјата и обезбеди подобри услови за полицајците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
SDS_3875

Потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски, на граѓанската трибина „На Прав пат“ во Куманово се осврна на остварувањето на клучниот предизвик во државата за консолидирање на безбедносниот систем.

Спасовски истакна дека на 1 јуни 2017 година, кој ја презем министерската функција го затекнал Министерството за внатрешни работи со долг од 40 милиони евра, 15 години ненабевени унифирми и опрема, исти плати, без услови и мотивација за работа.

Сега долгот е намален на 10 милиони евра, реконструирани 36 полициски станици, а уште четири се реконструираат и тоа во  Валандово, Гевлегија Крива Паланка и Кемањање.

— реклама —

Нови комплетни униформи веќе добија Единицата за специјални задачи, воздухопловниот персонал, како и Одделот за обезбедување на личности и објекти, а во тек е комплетирање на униформите за Единицата за брзо распоредување и Посебната единица за поддршка.

Спасовски додаде дека со помош на средствата од ИПА е изграден објект за случај на елементарни непогоди во Прилеп, поставен е камен темелник за објектот на крим-техника на МВР, ќе се гради нов објект за центар за странци, кој од Гази баба се преместува во Стенковец.

— реклама —

Новата Агенција за национална безбедност е голем чекор кон рефома на безбедносните служби, а ова се само дел од мерките што позитивно влијаат на унапредување на условите за работа на вработените во МВР, рече Спасовски.

— реклама —

На прав пат сме во консолидирањето на безбедносниот систем во државата, порача Спасовски од трибината во Куманово.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања