Промени тема
Контакт

Спасовски наместо да гони криминал, тој ги менува униформите, вели Панова

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
policiski-cas-policija-policaec

Секогаш кога е потребно да се направи дефокус на македонската јавност, од реалните проблеми, власта е склона на такви ситуации. Спасовски наместо да гони криминал, тој ги менува униформите и пушта пријави против земјоделци кои протестираат, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова во „Само вистина“ на Канал 5 коментирајќи ја двојазичноста на полициските униформи.

- Ја сменија и таблата на болницата, но подобри услови и помала смртност во истата не гледаме дека има. Дали е подобрен животот на Албанците во Македонија не гледаме. Ги имаме истите проблеми, и кај нив е присутна немаштијата и сиромаштијата. Ова не носи подобар живот за граѓаните. И Македонците и Албанците чекаа редици за бензин, рече Панова.

Во во однос на резултатите од пописот Панова истакна дека ВМРО-ДПМНЕ дебатираше дека ќе постојат одредени аспекти кои треба подетално да се разгледаат и преиспитаат во врска со самиот Закон за попис, но тогаш бевме обвинувани дека сме деструктивни и не сакаме попис, но сега ги гледаме сомнежите во јавноста.

— реклама —

- Зошто толку долго трае процесот на обработка на податоците? И самата недоверба која се има во институциите само потврдува дека можеби резултатите од пописот ќе бидат дискутабилни. Податоците се мерливи и ќе се утврди нивната веростојност. Ние одиме на избори, одиме од врата на врата, ја гледаме состојбата со раселеноста. Доколку има очигледни отстапки од ралната состојба ќе има и реакции, рече Панова.

Во врска со европската перспектива, Панова нагласи дека власта наместо да се фокусира на домашните задачи за ЕУ и да ги зајакне македонските институции и капацитети се фокусира на сервилност кон други држави и крие и од пратениците и од граѓаните за што преговара, а постојано се зборува за некакви отстапки, во исто време кога од Бугарија добиваме само нови ултиматуми.

— реклама —

- Петков денеска повторно ни постави ултиматуми и уцени. Што е второ, што е трето, а што четврто? Планот 4+1 или 5+1 ништо не видовме конкретно. Ние немаме детални информации, министерот Османи не сподели за што конкретно се преговара со Бугарија. Пратениците не се информирани за што се преговорите. Мора да знаеме за што се преговара. Имавме и други ултиматуми, на референдум велеа дека ќе влеземе и во ЕУ доколку се потпише Преспански, а каде сме сега имаме датум за датум по датумот. Граѓаните немаат верба дека остапките ќе ни донесат датум, истакна Панова.

— реклама —

Таа посочи дека од друга страна никогаш досега не сме виделе изјава од бугарски политичар да каже дека нема да се задира во македонскиот јазик или македонската борба за самостојна држава.

- Треба да ја видиме бугарската декларација која ја изгласаа во нивниот Парламент. Во таа декларација се задира посебноста на македонскиот јазик, македонска борба за самостојна држава, и сега од нас бараат да кажеме дека сме настанале во 1945, рече Панова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања