Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Спасовски наместо ред, продуцира неред, наместо навреме да добијат граѓаните лични документи тој ги остава да се малтретираат, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
51355376-c64c-49a1-8714-d75ebe45c8dc

“Власта предводена од СДС и ДУИ се грижи за партиските интереси, за интересите на поединци, а граѓаните ги има заборавено”, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски наместо ред и безбедност за граѓаните, тој продуцира неред и безмилосно ги остава граѓаните во крајно нечовечки услови да чекаат да се сликаат за личен документ, а потоа и во нечовечки услови да ги подигнат истите, ако воопшто успеат.

— реклама —

Оливер Спасовски ако сакаше можеше да ја изменаџира ситуацијата и сите навреме и во соодветни услови да добијат лични документи.

— реклама —

Хаосот во врска со личните документи е доказ дека Оливер Спасовски се грижи само за себепромоција, а граѓаните не му се ни на крај памет.

Оливер Спасовски покажа дека ги третира подостинствено криминалците на кои организирано им даде патни испрати, односно пасоши.

— реклама —

Оливер Спасовски покажува само како го злоупотребува целото МВР да работи исклучиво на негова промоција.

— реклама —

Единствен лек за граѓаните кои патуваат, кои имаат потреба да одат во други држави на лекување е Уставниот суд да донесе времена мерка, бидејќи оние граѓани кои имаат неопходна потреба од пасош не можат да го добијат ниту по итна постапка.

Власта на СДС и ДУИ ќе ја казнат граѓаните! Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања