„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Спасовски: Недела е ден за историска одлука

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
oliver-spasovski-670x367

Недела е ден за историска одлука, затоа излезете и гласајте за европска Македонија, порача министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски, кој денеска беше во посета на општина Куманово, каде што се сретна со стечајни работници и со граѓани од повеќе населени места од оваа општина.

— реклама —

,,Членството во НАТО и ЕУ е безбедност и стабилност. Но, членството во НАТО и во ЕУ е и нови инвеститори. Инвеститорите сакаат предвидлива клима за инвестирање и стабилност, а не неизвесност. Нови инвеститори значи нови работни места, поголема конкурентност, повисоки плати, подобар животен стандард. Шанси за децата во нашата земја“, порача Спасовски.

Тој посочи дека во услови кога ја имаме поддршката од земјите членки на НАТО и на ЕУ, немаме право да им ја скратиме таа поддршка на нашите деца и упати повик до граѓаните в недела слободно, гордо и достоинствено да излезат на референдум бидејќи, како што рече, одлучуваат само оние кои ќе гласаат.

— реклама —

„Ние кои имаме право на глас, повикани сме во овој историски важен момент за нас и за Македонија да донесеме нова правилна одлука. Затоа, в недела не се седи дома. Недела е ден за историска одлука. Одлука со која ќе влијаете на иднината на вашиот живот и животот на идните поколенија. В недела, на 30 септември, излезете и гласајте за европска Македонија“, повика Спасовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања