Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Спасовски: Неселективна борба против организираниот криминал и корупцијата е наш приоритет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
62080763_1271473193030301_2706115419827077120_o

„Одлучна и неселективна борба против организираниот криминал и корупцијата е приоритет на секоја држава која е определена кон воспоставување на демократија, владеење на правото и правна држава. Тоа е и наш стратешки приоритет, при што фокусот на нашите активности е насочен кон превенција, спречување и борба со сите облици на организиран криминал, согласно највисоките стандарди на полициското работење. Во овој сегмент видливи се и конкретни резултати од нашата заложба. Меѓутоа, нашето искуство не уверува дека во остварување на оваа цел не е доволно само ефикасно откривање и гонење на сторителите туку е потребно и ефикасно одземање на криминалните приноси, со што на сторителите на криминалот ќе им се оневозможи натамошно проширување на криминалната активност“, рече меѓу другото министерот Оливер Спасовски во обраќањето на Петтата сесија на Работната група IV – Правда, слобода и безбедност (Поглавје 24) на тема „Следејќи го патот на парите: Зајакнување на механизмите за финансиски истраги“ во организација на Националната конвенција за Европската унија во Република Северна Македонија што денеска се одржа во Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово.

— реклама —

Неспорно е, рече Спасовски, дека остварувањето на профит е најчест мотив, и главна движечка сила на криминалците во инволвирањето на организираниот криминал. Затоа, финансиската истрага која има за цел да го утврди, привремено да го замрзне, а потоа и да го конфискува приходот од казненото дело, мора да биде дел од секоја стратегија за борба против организираниот криминал, перење пари, корупција и други тешки казнени дела. Истовремено, со одземањето на имотната корист се остварува определбата дека никој не може да ја задржи користа од извршеното кривично дело.

— реклама —

Потребата за специјализирање произлегува од обемот на предмети за кои е потребно да се спроведе финансиска истрага. Освен тоа, свесни сме дека финансиската истрага претставува сложена активност, поради што е потребно полициските службеници кои работат на финансиски истраги да бидат со соодветни стручни познавања и компетенција“, рече Спасовски.

— реклама —

Во овој период во Одделот за сузбивање на сериозен и организиран криминал се водат финансиски истраги во криминалистички истражувања од областа на недозволена трговија со дрога, криумчарење на мигранти и криминал со културни добра.

„Би сакал да го истакнам случајот со криумчарење на мигранти, кој беше спроведен од страна на Националната единица за сузбивање на трговија со луѓе и криумчарење на мигранти, во кој како резултат на нашите активности беа притворени девет лица како организатори и членови на организирана криминална група која криумчарела мигранти од Македонија и Албанија кон САД и Канада. Во овој случај паралелно беше спроведена и финансиска истрага, која резултираше со замрзнување на 24 банкарски сметки на три правни лица и 53 банкарски сметки на четири физички лица“, рече Спасовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања