Промени тема
Контакт

Спасовски: Оценките на Центарот за граѓански комуникации покажуваат дека МВР ја подобрува својата транспарентност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
DSC_3406

Денеска (17.06.2022) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски учествуваше и се обрати на Национална конференција за демократско полициско работење на тема ,,Кон транспарентна, отчетна и инклузивна полиција во Северна Македонија“ во организација на ЕВРОТИНК - Центарот за европски стратегии.

Министерот Спасовски во своето обраќање истакна дека фокусот на МВР во натамошното унапредување на позициите и улога на полицијата во јавноста, меѓу граѓаните е насочен во неколку правци на делување.

„Најпрво во сферата на максимална комуникациска коректност и отвореност пред граѓаните и медиумите во генералното унапредување на разбирањето на полициската работа со сите нејзини сегменти: делокруг на надлежности, процедуралност, постапувања, стручност и професионалност, со користење на сите модерни, технички и други стандардизирани механизми на комуникација, вклучително и јавните и други кампањи, проекти и слично”, рече министерот Спасовски.

— реклама —

Според Спасовски податоците на Центарот за граѓански комуникации за активната транспарентност на полицијата, зборува дека Министерството за внатрешни работи во минатата 2021 година била оценета како “многу добра“ што покажува дека МВР е на вистинскиот пат во намерите целосно да се оживотвори концептот на “community policing“ на отворена и инклузивна служба во име и во интерес на граѓаните.

„Практично, анализата и оценките на Центарот за граѓански комуникации покажуваат дека ние како министерство постојано ја подобруваме својата активна транспарентност поминувајќи од 2016 година до денес, преку три нивоа - од просечна, преку добра, во многу добра активна транспарентност. Зошто ја истакнувам активната транспарентност? Пред сѐ затоа што таа е оценка за транспарентноста која се базира на вантрешната политика на МВР да објавува податоци кои се од јавен интерес, да биде транспарентно пред граѓаните, односно пред заедницата и тогаш кога тие немаат поднесено барање за достапност до информации”, подвлече министерот Спасовски.

— реклама —

Меѓудругото, министерот Спасовски во своето обраќање нотираше еден од поважните документи - “Концептот за човекови права за полицијата“ којшто е резултат од заедничката соработка меѓу наши и странски експерти, и вработени во МВР, а наменет за сите полициски службеници, односно за нивно поквалитетно и поефикасно професионално работење при примената на полициските овластувања во контекст на заштитата и почитувањето на човековите права и слободи.

— реклама —

„Министерството за внатрешни работи и тоа како е заинтересирано и посветено за натмошното развивање и зајакнување на начелата на транспарентност и отчетност. Тоа се цели кои за нас имаат првостепено значење, како најдобар и, според мое длабоко уверување, единствен начин да се гради доверба, но и уште потесна соработка со граѓаните, со јавноста”, заврши министерот Спасовски.

Линк до видео обраќање Спасовски:

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања