Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Спасовски оствари онлајн состанок со директорката на Европската канцеларија за поддршка во областа на азилот, Нина Грегори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
1

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари онлајн состанок со директорката на Европската канцеларија за поддршка во областа на азилот (ЕАСО), Нина Грегори, чија цел беше да се дискутира за активностите кои Европската канцеларија за поддршка во областа на азилот ги спроведува во рамките на регионалниот ИПА проект „Регионална поддршка на управувањето со сензитивната миграција во делот на Западен Балкан и Турција“, проект на кој Министерството за внатрешни работи е еден од крајните корисници. За време на состанокот беа разгледани резултатите од досегашната соработка која ја има Министертвото со оваа агенција на Европската Унија, како и идните чекори во спроведувањето на активностите во рамките на проектот.

— реклама —

Министерот Спасовски го изрази своето задоволство од досега имплементираните активности и напомена дека од особено значење е континуираната поддршка и соработката која Европската канцеларија за поддршка во областа на азилот во изминатите неколку години ја овозможува за Министерството за внатрешни работи. Притоа, беше констатирано дека во рамки на регионалниот ИПА проект, со поддршка на партнерите од ЕАСО, беа спроведени и голем број на обуки, со кои се подобри работењето на вработените во министерството.

Исто така, беше изразено задоволство од успешното спроведување на Патоказот подготвен во рамките на фазата 1 од регионалниот проект, особено имајќи превид дека Република Северна Македонија, покрај Република Србија, е единствената земја во регионот која има Патоказ за соработка со Европската канцеларија за поддршка во областа на азилот. Оттука и големиот ентузијазам со кој беше пристапено при консултациите во однос на вториот Патоказ за соработка помеѓу Република Северна Македонија и ЕАСО, кој е за периодот 2020-2022.

— реклама —

На крајот од состанокот министерот Спасовски изрази голема благодарност за поддршката која Европската канцеларија за поддршка во областа на азилот ѝ ја дава на Република Северна Македонија на нејзиниот пат кон исполнување на европските стандарди кои ќе придонесат кон членство во европското семејство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања