Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Спасовски оствари средба со еврокомесарот за внатрешни работи и миграции на Европската комисија Аврамопулос

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
1

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше билатерална средба со еврокомесарот за внатрешни работи и  миграции на Европската комисија, Димитрис Аврамопулос кој утре ќе учествува и во работниот дел од Министерскиот Форум ЕУ-Западен Балкан на министрите за внатрешни работи и за правда на земјите од регионот.

— реклама —

На средбата со еврокомесарот Аврамопулос, министерот Спасовски, меѓу другото, пренесувајќи ја благодарноста за укажаната доверба нашата земја да биде домаќин на овој значаен собир, ги нотираше низата активности што Владата на Република Северна Македонија ги реализираше изминативе две и пол години, за придвижување на европската агенда на земјата, односно за враќање на земјата на патот на ЕУ. Притоа Спасовски потенцираше дека се решени непремостливи предизвици кои на сите им се чинеа како невозможна мисија, и благодарение на силно изразената политичка волја и мотивираност пред нашата држава и граѓаните повторно стои извесната европска перспектива за полноправно наше асоцирање во ЕУ. Покрај ова министерот Спасовски ја нагласи и важната поддршка од пријателите, членки на Европската Унија во процесот на евроинтегрирање.

— реклама —

Иако недобивањето на датум за преговори за членство во ЕУ на последниот Европски Совет, објективно претставуваше големо разочарување, сепак од страна на еврокомесарот Аврамопулос уште еднаш беше изразена силната поддршка и охрабрување да продолжиме кон остварување на полноправно членство на Република Северна Македонија во ЕУ.

— реклама —

 

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања