Спасовски оствари средба со новиот амбасадор на Народна Република Кина, Н.Е. Џанг Ѕуо

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
oliver-2

Денеска во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари работна средба со новоименуваниот амбасадор на Народна Република Кина во Северна Македонија, Н.Е. Џанг Ѕуо.

— реклама —

Министерот Спасовски, упатувајќи му честитки за функцијата, со желба за успешна дипломатска мисија во земјава, нагласи дека Амбасадата на НР Кина има континуирана активна улога во унапредувањето на дипломатските односи и пријателството меѓу двете земји.

— реклама —

На средбата двете страни изразија задоволство од одличната соработка која со години се негува, при што стана збор и за огромниот придонес кој го даваат двете земји во насока на подобрување на глобалната безбедност.

— реклама —

Поздравувајќи ја билатералната соработка во бројни општествено-економски сегменти, Спасовски и Ѕуо изразија надеж дека со засилено темпо ќе продолжи и трговската, односно севкупната економска соработка, особено кооперативноста во рамките на Процесот за соработка на 17 држави од Централна и Источна Европа и НР Кина. Воедно, беа посочени и придобивките одотворањето на Северна Македонија како нова и атрактивна дестинација за кинеските туристи, кои во сè поголем број ја посетуваат државата, но беа разгледани и можностите за зголемување на инвестициските активности на кинески компании во нашата земја.

Двајцата соговорници изразија желба за продолжување на динамиката и растечкиот тренд во развојот на севкупните односи меѓу двете земји, како и проширување на сферите на меѓусебна соработка меѓу Северна Македонија и Народна Република Кина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања