Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Спасовски по повод 60-годишнината од земјотресот: Скопје е симбол на солидарноста

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Денеска се одбележува 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес кој гo разурна македонскиот главен град Скопје на 26 јули 1963 година, рано утрото во 05 часот и 17 минути.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

— реклама —

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски  во својот говор рече дека дека тие 20 стравични секунди биле кобни за 1070 лица, многумина од урнатините биле извлечени со тешки повреди, а огромен бил бројот на оние кои останале без своите домови. Впрочем, дури 65% од градските структури биле разурнати.

— реклама —

„Скопје низ вековната историја имал бројни подеми и падови, но ниту еден не оставил толку силни последици по градот и неговите жители како катастрофалниот земјотрес. И точно шест децении Скопје и скопјани се сеќаваат на тоа утро на ужасот, но ни за миг не ја забораваат и солидарноста која 89 нации ширум светот ја покажаа помагајќи му пост-земјотресно Скопје повторно да се издигне од правта во вистинска метропола, да се трансформира во симбол кој сведочи за една од темелните човечки вредности, на дело покажувајќи го она што беше речено во седиштето на Обединетите Нации – дека Скопје ќе биде споменик на човечката солидарност.

Но, овој ден редовно нѐ потсетува и на важноста која ја има токму безбедноста, како онаа на граѓаните, така и на инфраструктурата. Тоа е наш врвен приоритет од кој не отстапуваме и кој е основа за градење на подобро општество за сите.

— реклама —

Да не се заборават настраданите, да не се заборават глобалното заедништво и солидарноста“, порача Спасовски.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања