Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Спасовски: Полицијата ќе може да влегува во домовите само со налог од ОЈО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
oliver-1

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва во вестите на телевизијата „Сител“, истакна дека уставното загарантирано право за неповредливост на домот останува и оти од тој аспект полицијата не може да делува. Единствено може да делува по пријава од соседите, рече министерот, коментирајќи ги предлозите на Комисијата за заразни болести да се забранат големи семејни собири и прослави во домовите и групирање по 22 часот, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

– Од Комисијата за заразни болести се нудат одредени предлози да имаме некаква рестрикција, која ќе помогне во спречување на ширењето на коронавирусот. Јас очекувам тие предлози да стигнат на седница на Влада за кои ќе разговараме. Ваквиот предлог веројатно е базиран на податоците за случаите кои се позитивни токму од таквите групирања во домашни услови на семејни веселби. Секако дека уставно загарантираното право за неповредливост на домот останува и тука не може да делува полицијата. Меѓутоа, многу е поважно да разбереме, дека групирањето, прославите во домашни услови, претставува најголем ризик. Токму поради тоа, треба да се преземаат некакви мерки, рече министерот Спасовски.

— реклама —

Министерот истакна дека полицијата ќе постапува само ако има пријава, но со почитување на уставните начела кои ја гарантираат неповредливоста на домот, во соработка со јавното обвинителство.

— реклама —

 

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања