„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Спасовски: Полицискиот час е опција во наредниот период, доколку има прогрес на пандемијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
spasovski

Министерот за внатрешни работи вечерва во гостување во дневникот на „Сител“ телевизија, а на новинарските прашања одговараше за моменталната ситуација со коронавирусот во Македонија.

— реклама —

На прашањето „дали ќе се воведува полициски час?“, Спасовски одговори дека „затворањето на државата е опција во наредниот период, доколку има прогрес на пандемијата, зголемено ширење на болеста, секако дека треба да се преземат дополнителни мерки, а една од нив е и воведувањето полициски час“.

Според него, мерките треба да се носат постепено за да се види дали даваат резултати.

— реклама —

– Според анализите кои се правени во Комисијата за заразни болести, овие мерки кои ги имаме даваат одредени ефекти, веќе се намалува вирулентноста и преносот на вирусот кај населението, тоа веќе ќе го почувствуваме наредните денови, но тоа не значи дека тој тренд може така да се задржи. Ако имаме тренд на зголемување на нови заболени и ако има таква потреба, Владата е тука да носи нови одлуки кои значат и рестриктивни мерки. И сега сме подготвени да имаме нови мерки. Државата е тука и ќе направи се за да може да се заштити животот на граѓаните, здравјето и економијата, тие се клучни работи за да може да опстане државата, рече Спасовски.

Спасовски апелира да се чуваме себе, биејќи така им помагаме на медицинските работници кои се борат за нашите животи.

– Ако ги почитуваме мерките се намалуваат шансите за пренесување на заразата, така помагаме и на самите себе и на здравствениот систем. Нема ништо поважно од животот и здравјето и затоа сите активности на Владата се насочени кон тоа, изјави Спасовски.

Тој посочи дека нашиот, но и здравствените системи во регионот и во Европа се под голем притисок од зголемувањето на бројката на заразени.

– Многу важно е да имаме персонал, многу време трае целата криза. Не само кај нас, во регионот, во цела Европа расте притисокот врз здравствените системи и затоа е важно да овозможиме функционирање на системот и многу е важна поддршката на медицинските работници, тие се на правата линија, тие се борат за нас. Затоа да си помогнеме на себе, на нашите блиски, а со тоа и на здравството, порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања