Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Спасовски повика на внатрешно и меѓусебно помирување, љубов и почитување

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Денеска е празникот Велики поклади – Прочка. Празникот на искрената и пожртвувана љубов кон ближните. Празничен ден кога бараме прошка и кога со тој голем дар ги отпочнуваме деновите на големиот велигденски пост, како подготовка за најголемиот православен христијански празник, истакна во своето обраќање премиерот Олиовер Спасовски.

Пораката што ја праќа денешниот празничен ден го одредува патот на нашето внатрешно и меѓусебно помирување и ни помага во градењето на заедница на граѓани исполнети со љубов кон другиот и со меѓусебно почитување. Тоа е концепт што носи добро за сите.

— реклама —

Ви го честитам денешниот празник и ви посакувам добро здравје, духовно помирување и обединување околу вистинските вредности на мир, пријателство и меѓусебно почитување што ги носи овој ден.

Овој празник повикува и на тоа да ги оставиме зад нас делбите и конфликтите.

— реклама —

Нѐ повикува да се подготвиме за уште посилно да продолжиме да градиме интегрирано општество во кое различностите се богатство за стабилна и просперитетна држава за сите нејзини граѓани.

Пред нас е време на лична и општествена одговорност. Да почитуваме за да бидеме почитувани, да простуваме и да ни биде простено.

На сите граѓани што денеска го празнуваат и му се радуваат на овој ден им посакувам среќен празник – Прочка.

Имајте убав и спокоен празничен ден, а деновите пред вас до Велигден, нека ви поминат во радоста на простувањето“, истакна во своето обраќање премиерот Олиовер Спасовски.

Фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања