„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Спасовски: Празнувањето на Велигден дома не нѐ прави послаби верници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Oliver

Сите граѓани и сите чинители во општеството мора да ги почитуваат мерките на Владата, а тие се јасни и недвосмислени, порача на „Фејсбук“ премиерот Оливер Спасовски.

— реклама —

Тој истакна дека истите ограничувања остануваат и за велиденските празници и ќе важат за секого.

-Потсетувам дека е активна и забраната за групирање на граѓаните во групи поголеми од две лица, на јавни простори. Ова се активните ограничувања, одлуки и мерки и тие остануваат на сила и за време на велигденските празници.

— реклама —

Владата не отстапува ниту педа од одлуките и мерките кои се во интерес за заштитата на јавното здравје и во интерес на здравјето на секој граѓанин. Тие важат за секого!

Навистина, денес поминуваме низ тешки искушенија и во однос на личните вредности и потреби.

За првпат православните верници, наместо во храмовите, ќе треба да ги поминат Велигденските празници во своите домови. Четириесетдневниот велигденски пост ќе го завршиме со личен подвиг во кругот на нашето семејство и во нашите домови. Велигденските пораки за победата над смртта ќе ги упатиме од дома. Преку телефон, преку интернет, секој од своето семејство, од својот сопствен дом, а не собрани по роднини и гости.

Тоа нема да нѐ направи послаби верници - напротив, тоа ќе ни го зајакне духот, зашто сите знаеме дека со тоа спасуваме ЖИВОТ.

Нашите животи зависат од однесувањето на сите нас – никој од нас нема право да загрози туѓ живот, а живот нема да загрозиме ако останеме дома.

Да се здружиме сите и да го запреме вирусот кој му се закани на целото човештво.

Народот и државата можат заедно да го спречат ширењето на вирусот, напиша премиерот на ФБ.

https://www.facebook.com/o.spasovski/posts/1553284454849172

фото: ФБ Оливер Спасовски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања