Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Спасовски: Резултатите што беа постигнати во 2018 година на ГП “Богородица“ годинава ќе бидат подобрени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
IMG-0837c2447811d2e12c32b1552ec7cd08-V-01

Чест и задоволство ми е што првиот ден од Новата 2019 година заедно со моите соработници сме овде на Граничниот премин Богородица, меѓу нашите колеги од Полициската станица за граничен надзор Богородица и што имам можност директно да им ја честитам новата година на полициските службеници, рече министерот Оливер Спасовски по денешната посета на полициската станица на граничниот премин Богородица.

— реклама —

Граничниот премин Богородица како исклучително фреквентен, ако не и водечки во тој смисол, според обемот на работни обврски заслужува должно внимание и секаква поддршка во насока на што поефикасно и поквалитетно функционирање од аспект на полициското работење.

— реклама —

„Искрено верувам дека резултатите што беа постигнати во 2018 година од страна на нашите колеги на ГП “Богородица“ годинава ќе бидат уште подобрени“, рече Спасовски.

— реклама —

Министерот Спасовски оцени дека главно состојбата во текот на новогодишната прослава може да се окарактеризира како мирна и стабилна од аспект на безбедноста, така што генерално министерството за внатрешни работи може да биде задоволно од она што е сработено во текот на ноќта, но и претходно во деновите пред празниците, особено во делот на превенцијата.

Министерот Спасовски во свое име и во име на раководството на министерството им ја честита новата 2019-година на сите вработени во МВР, но и на сите граѓани со желба и надеж дека годинава пред нас ќе ни биде далеку поуспешна на сите полиња, приватно и професионално.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања