Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Спасовски: Само во 2022 имаме откриено 124 дела на корупција со штета над 227 милиони денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
oliver-spasovski-4

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервјуто за ТВ Плус ја дефинираше борбата со корупцијата како еден од стратешките приоритети на МВР и на државата.

— реклама —

„Во самиот старт на преземањето на раководењето со МВР ја поставивме работата на три принципи: целосна професионализација, департизација и декриминализација. На основа на тие принципи ги утврдивме и стратешките приоритети, како борбата со организираниот криминал и корупција, борбата против тероризмот и сајбер криминалот и борбата против илегалната миграција и трговијата со луѓе“, потенцираше министерот Спасовски, истакнувајќи дека со добрата поставеност доаѓаат и резултатите.

— реклама —

Министерот Спасовски образложи дека има 18% зголемување на откриените кривични дела за 2022 година, со намалување на севкупниот криминалитет од 6% проценти. Тој посебно ги истакна резултатите во борбата со корупцијата со над 50% зголемена откривачка функција од 2021 наваму.

— реклама —

„Само во 2022 година во борбата со корупцијата имаме откриено 124 коруптивни дела со над 164 сторители кои причиниле материјална штета од над 227 милиони денари. Најголемиот дел од овие коруптивни активности се во државната и јавната администрација и јавните претпријатија. МВР има план како во иднина уште поинтензивно да делува во борбата против корупцијата“, министерот Спасовски посочи дел од резултатите во борбата против корупцијата.

— реклама —

Според него посебно е важно да се подигне јавната свет, па граѓаните да пријавуваат и да не бидат соучесници во коруптивни дејства, а ја потенцираше и улогата која медиумите ја имаат во унапредување на јавната свет, како многу важна алка во борбата со криминалот на целото општество.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања