Промени тема
Контакт

Спасовски се согласи со Агелер која кажа дека Вања ја плати цената на неказнивоста, па покажа со прст кон правосудството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
vanja-spasovski

Критиката од амбасадорката на САД, Анџела Агелер, која кажа дека институциите биле свесни дека осомничените биле криминалци, но не ги санкционирале, а цената ја плати Вања – допрела до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој се согласува со ова, но смета дека МВР не е единствено криво за неказнивоста. Покажа со прст и кон другите институиции за кои посочи дека мора да бидат консолидирани.

„Јас тоа го зборувам многу често до сега и во медиумите. И кога говорев за неказнивоста за сите кои ја пљачкаа државата, го уништуваа народот и беа главни во општеството без да носат одговорност. Сето тоа е нешто што мора да си го разбереме и прифатиме како состојба која треба да се менува. Менувањето на системот мора да се прави брзо и ефикасно“, рече Спасовски, коментирајќи ја амбасадорската изјава.

— реклама —

Прашан за тоа како постапувало МВР, а како Обвинителството, рече дека статистички треба да се гледаат работите.

— реклама —

„Во однос на постапувањата може да се извади статистиката. Ве уверувам во однос на постапувањето на МВР. Во однос на другите институции мора тие да си направат анализи“, посочи Спасовски.

Во одговорите, Спасовски посочи дека за осомничениот Љупчо Палевски-Палчо, МВР постапувало. Но додаде и дека и останатиот дел од системот морал навремено да реагира со судењата и извршување на санкциите.

— реклама —

„Јас и одговорив претходно, целиот систем мора да биде консолидиран во однос на истрагите, во однос на судењата и извршувањето на санкциите. Така да, да не ни се случува кога МВР ќе приведува, за кратко време да ги видиме дома или без соодветни мерки, неизвршување на санкции. Тоа се конкретни работи. Системот го сочинуваме сите ние“, додаде Спасовски.

— реклама —

Амбасадорката на САД, Анџела Агелер, во емисијата „Стадион“ на Канал 77, упати остри критики до македонските институции за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска. Таа посочи дека институциите биле свесни дека осомничените биле криминалци – но, не ги санкционирале. Таа посочи: „Вања ја плати цената“.

Дозволете да ви кажам искрено, како што претходно денес реков, системот не успеа да и помогне на таа млада девојка. Се работи за криминалци за кои се знаело дека се криминалци, дека се насилни и не се во затвор. Не биле претходно апсени и затворени. Не биле апсени и гонети за нивните претходни злосторства, не морале да ја платат таа цена, па цената ја плати една млада девојка. Вања ја плати цената“, рече амбасадорката Агелер за „Стадион“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања