Спасовски се сретна со градоначалникот на Пустец, Колевски и со преставници од македонската заедница во Албанија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
22012020_PVRSM_Spasovski_sredba_gradonacalnik_Pustec1

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, се сретна со градоначалникот на Пустец, Република Албанија, Јани Колевски и со претставници на Македонската алијанса за европски интеграции, партијата на Македонците во Албанија.

— реклама —

На средбата е изразена поддршка на Владата, во периодот што претстои да продолжат реформите во државата, за спроведување фер избори и за реализација на стрaтешките цели на државата, интеграцијата во НАТО и исчекор во евроинтеграциите.

— реклама —

Претставниците од заедницата на Македонците во Албанија се заблагодарија за отвореноста за соработка сo Владата и за поддршката во изминатите две и пол години, којашто продолжува и денес, а каква што немале, како што е оценето, од ниту една претходна Влада.

— реклама —

На состанокот е разговарано за можноста за реализација инфраструктурни и комунални проекти од интерес на луѓето кои живеат во општината Пустец.

- „Ја имате поддршката од Владата, за поддршка на принципиелно ниво со цел унапредување на квалитетот на животот на Македонците кои живеат во Албанија“, рече премиерот Спасовски.

На средбата е потенцирано дека добрите односи помеѓу нашата држава и Република Албанија се одразуваат позитивно и во релациите помеѓу албанските власти и македонската заедница таму, посебно што за прв пат во албанскиот Парламент има пратеник од македонската заедница, кој има можност отворено да укажува на потребите на Македонците во земјата за изнаоѓање решенија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања