Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Спасовски се сретна со пензионерите од МВР

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
05-2-1

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска присуствуваше на свеченоста по повод одбележувањето на пет децени од формирањето на “Здружението на пензионираните работници од органите за внатрешни работи на Република Северна Македонија- Скопје“.

— реклама —

— реклама —

“Прво, не може а да не се искаже респект кон луѓе кои што својот работен век, своето професионално знаење и труд го вложиле во една од фундаменталните институции на општеството - Министерството за внатрешни работи. Второ, не може а да не се испочитува фактот дека вие и натаму преку оваа форма на организирање давате свој придонес не само кон статусот на оваа група пензионери, туку истовремено продолжувате да ја негувате и чувате колегијалноста, пријателството, меѓусебното почитување како принципи важни не само од личен аспект туку и како колективен акт демонстрирајќи заедништво и солидарност како неопходни општествени вредности. “.

— реклама —

— реклама —

Ова, меѓу другото, го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето поздравно обраќање, заблагодарувајќи им се на поранешните вработени во министерството за придонесот во градењето на полицијата и нагласувајќи дека кое било општество или систем, доколку се стреми кон просперитет и перспектива не може и не смее да се откаже од ниту еден свој поединец.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања