Денеска во Министерството за внатрешни работи, се одржа работен состанок помеѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Росана Дуџак, резидентен координатор на ОН во Република Северна Македонија.
На состанокот беше разгледана досегашната соработка меѓу МВР и агенциите на Обединетите нации во земјава, и беа дадени предлози за идни активности од областа на борбата со организираниот криминал, миграцијата, родово базирано насилство како и активности за натамошна професионализација и унапредување на демократското полициско работење. Двајцата соговорници изразија уверување и подготвеност за продолжување на одличната соработка и координација во областите од заеднички интерес.