„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Спасовски со детали за убиството на Тот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
oliver-spasovski-3

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е дециден дека немало обид за сокривање на убиството на ракометарот Денис Тот.

— реклама —

„Постојат повеќе причини што била причината за настанот. Според изјавите кои ги имаме, тоа е лично недоразбирање меѓу девојката и момчето. Сочувство до семејството на починатиот и да отфрлам сето она што деновиве се пласира во јавноста за наводно криење на овој случај. Во ниту еден момент нема никаков застој во истрагата. Веднаш по добивањето на информацијата, која не е добиена од лице место за нарушување на јавен ред и мир за тепачка, туку од Клиничкиот центар нашите екипи се излезени и започнуваат истражните дејствија. Немаме запирање во ниту еден момент, се до целосното расчистување на случајот со поднесување на кривичните пријави во рок од 24 часа. За едно лице се трага. Ќе се распишуваат меѓународна и домашна потерница“, кажа Спасовски.

„Прибираме податоци и информации за сите аспекти. Работат колегите и ќе видиме за резултатите од цел настан. Се бараа информации од Брза помош за од каде е подигнат човекот, а првата информација се базира на увидот и анализата која на направиле анализата на Клиничкиот центар. Истражните дејствија продолжуваат се до расчистување. Вие бевте сведоци дека немало снимки, дека се избришани и тн. Такви дезинформации не помагаат. Сите аспекти во тој дел, во делот на посета на местото на настанот кога ни беше укажано каде е пронајдено момчето, преку камерите од ‘Сејф сити’ се пристапи кон расчистување на случајот“, кажа Спасовски.

— реклама —

Во полиција, изјави за настанот дал сопственикот на клубот „Привилиџ“ каде бил претепан Тот, како и вработена. На видео снимка детално се гледа настанот како се одвивал.

„Првичната информација ја даваме на база на она што ни го кажуваат од Клиничкиот центар. Понатаму има гледање на камери, истражни дејствија, повикување на сведоци, како сопственикот на дискотеката, вработената. Тие се повикани во четвртокот на пладне. Сите лица кои биле од интерес на истрагата се повикани во полициска станица и заведени“, додава Спасовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања