Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Спасовски: Со оптимизам и добра волја секој од нас да даде придонес за заедничка подобра иднина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
spasovski-gi-prezemame-site-merki-za-fer-mirna-i-demokratska-izborna-atmosfera

Честитката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски по повод верскиот празник Богојавление - Водици. Во честитката се вели:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, по повод верскиот празник Богојавление - Водици, упати писмо со честитки до Г.Г. Стефан, Архиепископ на Македонската православна црква - Охридска архиепископија и на Јустинијана Прима, до клирот на МПЦ-ОА, и до сите православни верници во Република Северна Македонија, во кое упатува желби за прифаќање на пораките од овој голем христијански празник кои потсетуваат дека сѐ може одново да се измие, очисти, обнови и повторно да се роди.

— реклама —

„Оптимизмот и надежта со кои е исполнета пораката на празникот Богојавление - Водици, нека биде поттик постојано да го негуваме стремежот за добри дела како придонес на секој од нас за заедничка подобра иднина која ќе ја оствариме со добра волја за совладување на сите предизвици што ни претстојат на личен и на колективен план“, се истакнува во писмото на премиерот Спасовски.

„Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник Богојавление - Водици“, се вели во писмото со честитки на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски по повод празникот.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања