Премиерот Спасовски во разговорот се заблагодари за активната улога што Канада ја игра на глобално ниво во справување со КОВИД-19, како и за помошта што Канада ја даде на Република Северна Македонија за надминување со последиците од коронавирусот.
Претседателот на Владата на Северна Македонија ја истакна одличната и континуирана соработка и партнерство со Канада, и потенцираше дека со нашето членство и сојузништво во НАТО се отвораат дополнителни можностите за соработка за што постои интерес од двете страни.
Премиерот на Канада Трудо од своја страна изрази задоволство од цврстата билатерална и значајна соработка и рече дека неговата земја се гордее за поддршката што Канада ја изразуваше за интегрцијата на Северна Македонија во НАТО, и што во иднина двете земји ќе соработуваат поблиску како сојузници.
Канада, истакна во разговорот со Спасовски премиерот Трудо, продолжува да ги поддржува напорите и аспирации на нашата земја за членство во ЕУ, и упати честитки што Владата на Северна Македонија во изминатите три години успеа да постигне значајни резултати и да надмине големи предизвици за да ги реализира Евро-Атланските аспирации на државата и на сите нејзини граѓани.
фото: Влада