Промени тема
Контакт

Спасовски упати апел за смиреност по повод чествувањето на 4 Февруари: Никој не смее да биде и нема да биде над државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
spasovski

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упатува апел до граѓаните по повод чествувањето на 4 Февруари, денот на раѓање на нашиот великан Гоце Делчев:

„Упатувам апел за смиреност до сите граѓани по повод чествувањето на 4 Февруари, денот на раѓање на нашиот великан Гоце Делчев.

Како министер за внатрешни работи нема да дозволам понижување на македонскиот народ!

— реклама —

Институциите работат и се прибираат информации кои значат дека ова очекување на граѓаните ќе биде реализирано.

Мораме да ја деескалираме состојбата што неодговорните политичари, групи и поединци сакаат да ја влошат. Нема да дозволиме никаква ескалација, инцидент или понижување на македонскиот народ и држава од никого

— реклама —

Тука се институциите на системот коишто функционираат и коишто мораат да ги обезбедат сите очекувања кои ги имаме.

Сакам да упатам јасна порака до политичките субјекти и политичарите, да бидеме одговорни во овој процес. Бидејќи, неодговорноста не прави добро на граѓаните и државата, мирот и стабилноста е одговорност на секој еден од нас.

Да се напушти таква реторика од разни „патриотски институти” за тоа што можат да направат.

— реклама —

Немојте како граѓани да подлегнувате на повик на било кои политички субјекти и да преземате надлежност на институциите.

Ова е порака до сите коишто сакаат да учествуваат.

Затоа што минатото покажа дека оние коишто ги мотивираат луѓето наводно да ја чуваат демократијата, државата и националноста, тие остануваат нечепнати. Оние кои посегнуваат по државата, по институциите, сега се наоѓаат во затворските институции.

Секој да овозможи чествувањето на 4 Февруари да биде достоинствено, а институциите се тука да се грижат за се што треба за редот и безбедноста во државата.

Никој не смее да биде и нема да му биде дозволено да биде над државата“, вели спасовски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања