Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Спасовски: Успешните реформи и новата методологија се важни чекори кон скорешно отпочнување на преговорите за членство во ЕУ на Северна Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
18022020_PVRSM_Spasovski_pretsedatel_EU_parlament_Sasoli1

— реклама —

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски денеска оствари средба со претседателот на Европскиот Парламент (ЕП) Давид Мариа Сасоли.

На средбата, на која присуствуваше и заменик претседателот во Владата на Северна Македонија задолжен за европски прашања Бујар Османи, Претседателот на ЕП Сасоли даде целосна поддршка на сите реформски чекори кои Владата, Собранието и граѓаните ги донесоа во изминатиот период.

На средбата се нагласи дека Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија се пример во регионот и столб на европската иднина на Република Северна Македонија и дека земјата останува доследна на обврските за спроведување на договорите кои претставуваат пример за решавање на билатерални спорови.

Претседателот Сасоли и Премиерот Спасовски се согласија дека успешните реформи и новата методологија се важни чекори кон скорешно отпочнување на преговорите за членство. Таа цел е заедничка на сите европски институции и најголем дел од државите членки на ЕУ, беше констатирано на средбата.

Претседателот на ЕП Сасоли истакна дека Западен Балкан е стратегиски регион за ЕУ и дека тој при посетата на нашата земја се уверил дека граѓаните силно веруваат во ЕУ и во заедничката иднина. Во таа насока, рече претседателот Сасоли, Европскиот Парламент ќе даде свој придонес за поддршка на Западен Балкан на Самитот во Загреб.

— реклама —

фото: Влада

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања