Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Спасовски - Варадкар: Имаме взаемен интерес за поблиска соработка и за споделување на искуствата со Северна Македонија како Ирска стана една од најсилните економии во ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
19052020_PVRSM_Spasovski_telrazgovor

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски денеска имаше срдечен и пријателски телефонски разгоовор со премиерот на Ирска Лео Варадкар во кој доминираат взаемните желби и интереси за поблиска соработка меѓу двете земји.

Премиерот Варадкар упати честитки за работата на Владата во услови на пандемијата со  КОВИД-19, како и за членството во НАТО и позитивната одлука на ЕУ за почеток на преговорите. Ирскиот премиер во разговорот истакна дека неговата земја останува голем поддржувач на Република Северна Македонија и нагласи дека неговата Влада е подготвена да го сподели искуството како членството во ЕУ и помогна на Ирска да ја развие својата економија да биде меѓу најсилните во ЕУ, и изрази надеж дека истото може да се случи и со Северна Македонија.

— реклама —

Премиерот Спасовски се заблагодари за искрената поддршка од Ирска и потенцираше дека нашата земја ја очекува преговарачка рамка во јуни, и побара поддршка за побрз почеток на преговорите. Спасовски ја издвои посебната посветеност на Владата кон имплементација на билатералните договори со Грција и Бугарија, кои значително ги подобруваат добрососедските односи и претставуваат позитивен пример во регионот.

— реклама —

Двајцата премиери се согласија дека Самитот Загреб 2020 за ЕУ и Западен Балкан испрати силна порака за поддршка на ЕУ за регионот.

— реклама —

Во телефонскиот разговор премиерот Спасовски му честиташе на колегата од Ирска Варадкар за неговата одлука повторно да ја активира својата лиценца како доктор и да се приклучи кон здравствениот тим на неговата земја за време на пандемијата како гест на силна позитивна порака за посветено лидерство.

Премиерот Варадкар се заблагодари и информираше дека Ирска почнува да ги олабавува мерките, а премиерот Спасовски информираше дека и кај нас започнува олабавување на мерките и дека по завршувањето на вонредната состојба, ќе продолжат активностите за спроведување на парламентарните избори.

фото: Влада

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања