Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Спасовски во Брисел се сретна со Даниелсон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
IMG_0506

Денеска, заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски оствари работна средба со генералниот директор на Генералниот директорат за проширување и соседство во Европската комисија, Кристијан Даниелсон.

На средбата беше презентиран напредокот кој е направен во спроведувањето на реформската агенда, која ги опфаќа приоритетите во Министерството за внатрешни работи, а се однесуваат на реформите на безбедносно-разузнавачките служби, зајакнување на капацитетите на финансиските истраги, спроведување на ефикасни истраги во областа на организираниот криминал, воспоставување на надворешниот механизам за контрола над полицијата, справувањето со нелегалната миграција и трговијата со луѓе и процесот на проверка на вработените во министерството - ветинг.

— реклама —

Даниелсон истакна дека Северна Македонија е многу важен партнер за Европската комисија, која во изминатиот период покажа сериозен напредок во процесот на пристапување кон ЕУ и исполнување на поставените приоритети. Напредокот кој Северна Македонија го постигна е дополнителен аргумент во насока на донесување на одлуката и определување на датум за отпочнување на преговорите, за што ќе се одлучува во наредните неколку дена.

— реклама —

Министерот Спасовски информираше за резултатите кои се постигнати во областа на внатрешните работи, а кои се согласно плановите и препораките кои во изминатиов период беа утврдени со Европската унија. Тој нагласи дека и во претстојниот период фокусот ќе биде на зајакнување на капацитетите на министерството и другите институции кои се вклучени во борбата против организираниот криминал и корупција, како и на спроведување на финансиските истраги. На средбата министерот Спасовски ги презентираше активностите на веќе формираната Работна група, која има за цел да подготви и презентира концепт за спроведување на проверка на вработените во министерството. Притоа, Спасовски истакна дека ова е многу важен процес кој не смее да биде ниту избрзан, ниту пак, политички мотивиран, туку треба да се сфати како составен дел од борбата против криминалот и корупцијата и од него не треба да стравуваат чесните професионалци кои ги има во министерството. Во текот на процесот на проверка на вработените нема да се донесуваат брзи одлуки и целиот концепт ќе биде во рамките на правниот систем на Република Северна Македонија, со почитување на принципот на владеење на правото.

— реклама —

Работната посета на министерот Спасовски продолжува со средба со Комесарот за миграција, внатрешни работи и државјанство, Димитрис Аврамополус.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања