Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Спасовски: Во Охрид одиме на двојна победа!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
SpasovskiOhrid-1

Потпретседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Оливер Спасовски, вчера попладне беше со граѓаните на Охрид со кои разговараше за реформските процеси, позитвините економски политики кои ја вратија државата на вистински пат, но и за одговорноста да избереме вистински претседател кој ќе биде партнер на граѓаните и ќе ја води државата напред кон развој и интеграција, истакна Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски.

— реклама —

- Откако ја презедовме одговорноста, ја поставивме државата на вистински пат, имаме пораст на платите, рекорден број на странски инвестиции, се отвораат нови работни места. Пред нас е обврската да продолжиме да работиме во тој правец и да ги задржиме нашите деца дома – порача Спасовски.

— реклама —

Пред граѓаните, Спасовски ја потенцираше важноста по 10 години конечно да избереме вистински претседател кој државата ќе ја води кон интеграции и подобар живот за сите.

- На Стево Пендаровски во 2014 година му беше украдена победата, затоа на овие избори мораме да ја исправиме таа неправда. Стево е човек кој ќе води напред кон подобра иднина, кон интеграции и подобар живот за сите. Од другата страна воопшто немаме алтернатива, бидејќи сите се свесни дека патот кон ЕУ и НАТО е вистинскиот пат, бидејќи сите се свесни дека Стево е вистинскиот избор за претседател. Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат поддршка за Стево, ќе дадат поддршка на концептот што води напред.

На овие избори, овде во Охрид одиме на двојна победа. Победа за Стево, победа за Константин за Охрид, повика Спасовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања