„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Спасовски во Пустец се сретна со градоначалникот Пали Колевски и пратеникот Васил Штериоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
5-2

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со заменик министерот на МВР, д-р Агим Нухиу и градоначалникот општина Ресен Живко Гошаревски денес во општина Пустец, соседна Албанија, се сретна со албанскиот министер за внатрешни работи Сандер Лешај, како и градоначалникот на Пустец, Пали Колевски и пратеникот во албанскиот парламент од овој крај Васил Штериовски.

— реклама —

Заблагодарувајќи се на градоначалникот на Пустец за иницијативата за организирање на средбата, како и на неговиот албански колега за денешното гостопримство, министерот Спасовски потенцираше дека унапредувањето на безбедноста, како основа за развој на државите, е од заеднички и примарен интерес и за Република Северна Македонија и за Република Албанија.

— реклама —

“Интерес на нашето МВР е унапредување и продлабочување на билатералната оперативна полициска соработка со МВР на Република Албанија на повеќе нивоа“, истакна министерот Спасовски потенцирајќи дека тоа е од приоритетно значење и по националната но и по регионалната безбедност. Истовремено, тој нагласи дека Владите на двете земји се должни заедно да работат на подобрување на севкупните услови за живот на луѓето а во тој контекст ја апострофираше иницијативата за интегриран пристап во менаџирањето на граничниот премин Ќафасан, а во насока на олеснување и динамизирање на протокот на луѓе и стоки преку овој граничен премин кој би функционирал по принципот "One stop shop".

“За мене како заменик претседател на Владата на Република Северна Македонија и како министер за внатрешни работи пораката што денес ја испраќаме токму од овде во Пустуц, општина која што е мост меѓу Македонија и Албанија, не е само порака за добрососедските односи туку и порака за заедничка поддршка за развој на оваа област, и со тоа сакаме да им порачаме на граѓаните што живеат во Пустец дека тие ќе можат да сметаат на нашата целосна поддршка во подобрување на животните услови“, истакна министерот Спасовски во својата изјава по работната средба со неговиот албански колега Лешај.

lR7yoJZw3Yg

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања