Промени тема
Контакт

Спасовски задоволен од анкетите за евентуална кандидатура за претседател

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
spasovski

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вестите на Алсат ТВ рече дека е задоволен од рејтингот во анкетите и дека ќе се направат анализи за евентуалната можност следната година да се кандидира за претседател на Македонија.

— реклама —

Неговото име се споменува сѐ почесто како што се приближуваат претседателските избори, а во разговорот министерот рече дека по тоа прашање нема толкави лични амбиции, колку што неговата кандидатура би требало да има едно „национално обединување“.

— реклама —
— реклама —

„Така што, во политичкиот дел за тоа сигурно дека ќе се разговара на ниво на партија, на ниво на партиски органи во носењето на таквите одлуки”, беше категоричен Спасовски.

Во однос на имињата за Претседател на државата, Спасовски рече:„Да, јас ги слушам спомнувањата на имиња, меѓутоа сето тоа е во рамки на шпекулации, разговори кои ги има во јавноста... Меѓутоа, јас сега воопшто не размислувам на тоа прашање. Можеби ќе дојде тема на која ќе разговараме и ќе ги соочиме сите аргументи. За мене што е важно?! Важно е да се направат добри анализи, важно е да се обединат сите структури кои подразбираат или ги споделуваат заедничките европски вредности, вредности за напредокот на државата и, таа опција да ја предводи Македонија и во наредните четири години“, подвлече Спасовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања