Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Спасовски, заедно со голем број светски лидери, е потписник на отвореното писмо „Повик за одбрана на демократијата“ во услови на пандемијата со КОВИД-19

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
12042020_PVRSM_Spasovski_chestitka_Veligden

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски е потписник на отвореното писмо „Повик за одбрана на демократијата“ – отворено писмо иницирано од меѓународни продемократски организации, Меѓународниот институт за демократија и изборна помош (IIDEA/МИДИП) и поддржано од Фондацијата за демократија на Вестминстер зад кое со поддршка застанаа уште 63 организации од светот, а писмото го потпишаа голем број активни и поранешни политички лидери, шефови на држави и влади, како и останати политички и граѓански лидери ширум светот, вклучувајќи 13 нобеловци.

— реклама —

Писмото има за цел да ја подигне свеста и да ги мобилизира граѓаните и носителите на политики да ја заштитат демократијата во услови на пандемијата со КОВИД-19, во кое се истакнува дека справувањето со оваа глобална криза не смее да се спроведува на сметка на човековите права на сите граѓани, особено малцинствата и ранливите групи.

— реклама —
— реклама —

„Постоечката пандемија претставува сериозен глобален предизвик и за демократијата и таа не смее да биде заобиколена или под закана и луѓето што се грижат за неа мора да смогнат волја, дисциплина и солидарност во нејзина одбрана. Во прашање е слободата, здравјето и достоинството на луѓето насекаде“, се вели во отвореното писмо „Повик за одбрана на демократијата“ – отворено писмо иницирано од меѓународни продемократски организации, Меѓународниот институт за демократија и изборна помош (IIDEA/МИДИП) и поддржано од Фондацијата за демократија на Вестминстер, што го потпиша претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски заедно со голем број организации од светот, и активни и поранешни политички и граѓански лидери.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања