Спасувачка драма: Две лица коишто со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара, па навремено спасени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-05-12-at-19.06.12

Во 16:06 часот на Eдинствениот повикувачки број за итни повици 112 во ЦУК, преку конференциска врска со дежурниот од Полициска станица Попова Шапка е добиено известување дека на патниот правец Попова Шапка – Лешница, во близина на бачило „Лешница“, две лица со „квадрицикл“ излетале од патот во провалија. Со истите имало уште еден „квадрицикл“, но лицето не можело да ги види ниту да ги слушне лицата коишто излетале.

— реклама —

Веднаш беа извршени повеќе комуникациски координативни дејста од ЦУК, согласно барањата д терен и можностите. Конкретно, Полициската станица Попова Шапка побараа помош, за што во ЦУК се разгледуваше и варијанта за да се ангажира хеликоптер, согласно дали теренот е погоден за истиот, а исто така, и варијанта за ангажирање на специјални сили. Преку Регионалниот ЦУК Тетово беа известени одговорните од Национален парк „Шар Планина“, а исто така од ЦУК беа известени и надлежните од Дирекцијата за заштита и спасување за евентуално ангажирање на нивните специјални тимови.

— реклама —

Во 16:50 часот, од ПС Попова Шапка известија дека со лицата се стапило во контакт, дека се живи но имале повреди и дека се извлечени за да може возило на Итна медицинска помош да ги преземе. Инаку медицинското возило паралелно со тек од почетокот на спасителните дејства, тргнало на пат да ги преземе на лице место, бидејќи патот бил долг до конкретизираната точка за безбедно преземање на Шара.

— реклама —

Според последните известувања до ЦУК, лицата коишто се живи, но со повреди од паѓањето во провалија во близина на бачило „Лешница“ се веќе преземени од Итна медицинска помош и со медицинското возилото се на пат кон болница.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања