Скандалозен крај во преговорите меѓу МПЦ-ОА и СПЦ. Соборот на СПЦ ја врати Македонската црква во автономен статус од 1959 година. Она што е скандалозно е што Соборот на СПЦ таквата одлука ја донел, како што вели по барање на Синодот на МПЦ-ОА, објави религија.мк
ШТО ПРАКТИЧНО ЗНАЧИ ОВАА ОДЛУКА НА СПЦ?
Како и што се предвидуваше, СПЦ нема никаква намера да отстапи од епархиите во Македонија и ја враќа МПЦ-ОА како Автономна црква во СПЦ, без притоа да се знае кога и дали воопшто МПЦ-ОА ќе добие некогаш Автокефалност. Оваа одлука практично е многу полоша и од Нишкиот договор од 2002 година, бидејќи во нејзе пишува дека МПЦ-ОА се согласила дека за конечниот статус за автокефалност ќе мора да одлучува општ православен консензус. Со други зборови МПЦ-ОА сама се сгласува со поставување вето од која било црква.
Во евентуално иден ваков развој на настаните МПЦ-ОА никогаш нема да дојде до автокефалност, а и некогаш да дојде нема да има никакво право на името Охридска Архиепископија, затоа што Бугарската црква со такво име нема да се согласи. Евентуално идно име на МПЦ-ОА би било Православна Црква на Северна Македонија.
Оваа одлука е опасна затоа што, практично СПЦ ја замени ПОА со МПЦ-ОА. Тоа значи дека ПОА и Вранишковски во сите овие 20 години биле во право, а МПЦ на погрешната страна која предизвикувала расколи.
Со оваа одлука Архиереите на Синодот на МПЦ-ОА стануваат дел од Соборот на СПЦ и ќе учествуваат во него.
Она што е искулчително опасно во целата ситуација е што Соборот на СПЦ вели дека таа одлука ја носи по барање на Синодот на МПЦ-ОА. Владиците на македонската црква уште денеска се должни да објаснат кога, од кој, и како се согласил на автономија, кој го испратил писмото и зошто е тоа барање.? Зошто е фрлена во вода жртвата на генерации автокефалисти дадена за иднината на оваа црква.
Како и што предвидуваше Религија, мк во одлуката СПЦ се обидува да игра на емотивната карта. Наводно дозволувајќи и на МПЦ-ОА да се именува како сака и како сака да комуницира со останатите цркви, со што сака да предизвика нови поделби и расколи во македонската јавност.
Од оваа одлука, веќе нема дилема колку била важна одлуката на Вселнската патријаршија да го реши канонскиот статус на МПЦ-ОА пред оваа одлука.
ШТО ПОНАТАКА?
Оваа одлука на СПЦ има само една позитивен елемент, ако може да се толкува така. Тоа е што се согласува дека МПЦ-ОА веќе не е расколничка црква.
МПЦ-ОА, на оваа оваа одлука треба да одговори токму во тој дух. Да се заблагодари што СПЦ препознала дека МПЦ-ОА е каноснка исправна црква и да посочи дека нејизниот канонски статус е решен со одлуката на Вселенската Патријаршија и дека МПЦ-ОА , во периодот до конечно решавање на автокефалниот статус, останува во организационата структура како и досега како автокефална црква. На литургиите прв ќе го споменува Вселенскиот патријарх, и потоа сите останати по редот од диптихот како и досега.