Промени тема
Контакт

Специјалци на терен, претреси на околу 30 локации, под истрага и полицајци: голема акција од утринава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
akcija-mvr-policija-policajci-specijalna-2
Илустрација

Голема полициска операција од рано утрово се спроведува во Прилеп и околината, дознава неофицијално „Скопје1“ од извори запознаени со истрагата. Според нашите информации, полициски претреси и проверки се вршат на околу 30 локации, а во истрагата се опфатени и полициски службеници.

На терен се распоредени поголем број полициски службеници, меѓу кои припадници на специјалните единици и униформираната полиција. Операцијата ја спроведува Министерството за внатрешни работи преку Бирото за јавна безбедност и, според неофицијалните сознанија на „Скопје1“, е дел од поширока истрага за сомнителна организирана криминална структура.

Извори на „Скопје1“ посочуваат дека истрагата е поврзана со сомневања за активности со наркотични средства.

— реклама —

Под лупа на истражните органи, според нашите неофицијални информации, се и лица од полициските структури. Се проверуваат сомневања за нивна можна поврзаност со лица или активности кои се предмет на истрагата.

— реклама —

Од раните утрински часови засилено полициско присуство е видливо на повеќе точки во Прилеп, а претресите и проверките се спроведуваат на локации во градот и во поширокото подрачје.

Полициската операција сè уште е во тек, поради што засега нема целосни информации за бројот на приведени или осомничени лица, ниту за тоа што е пронајдено при претресите.

— реклама —

„Скопје1“ очекува официјални информации од надлежните институции по завршувањето на акцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања