Промени тема
Контакт
Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK 2:18:21

Специјалците од „Тигар“ меѓу најдобрите 10 снајперски тимови на натпреварот „БОРАН 8“ во Турција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-library7641ju7fbcppbcFyIv2

Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ освоија деветто место на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, кој се одржа во Турција, соопшти Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

На натпреварувањето учествувале 48 тимови од 22 држави. Првите седум места ги освоиле тимови од Турција, додека осмото место му припаднало на тим од Азербејџан.

— реклама —

Македонските специјалци постигнале особено добар резултат во дисциплината пиштолско гаѓање, освојувајќи 2.098 поени, значително над просекот на натпреварувањето, кој изнесувал 1.173 поени.

— реклама —

Покрај резултатите, тимот на „Тигар“ добил признание и за професионалниот однос и спортскиот дух, пласирајќи се меѓу трите најдобри екипи во категоријата „ферплеј“.

Од МВР истакнуваат дека со постигнатите резултати и професионалниот пристап, припадниците на единицата достојно ја претставиле Македонија на меѓународната сцена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања